Антикорупциски протести и масовни апсења во Русија

Во повеќе руски градови вчера се одржаа протести и демонстрации против корупцијата на највисоките државни функционери. Организаторот, Алексеј Навални како и стотици демонстранти беа уапсени. Протестите се сметаат за најголеми во последните 6 години и се одржуваа паралелно во речиси сите поголеми руски градови. Навални беше уапсен во Москва додека минуваше со своите поддржувачи низ центарот на градот. Државната агенција Тасс јави дека само во Москва биле уапсени најмалку 500 луѓе. Во повеќе градови, властите го забранија одржувањето на протестите.
Навални планира да се кандидира на претседателските избори следната година и да му се спротивстави на актуелниот шеф на државата, Владимир Путин.

Фокусот на вчерашните протести, сепак, беше насочен кон премиерот Дмитри Медведев кој, според извештај објавен од Навални минатиот месец, натрупал огромно лично богатство. Руската влада ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги за предизборна пропаганда.

Извор: DW

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close