Анѓушев: 70 милиони евра од ЕУ за втората делница од пругата кон Бугарија

Фото: Премиерот Зоран Заев на средба со потпредседателот на Светска Банка, Цирил Милер

 

Македонија е најголем добитник од Самитот во Трст – вака заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев ја започна денешната прес конференција. Тој информираше дека ЕУ и’ доделила на Македонија грант од 70 милиони евра. Ова е неповратна помош која е доволна за да се покријат 46% од вкупната сума што е потребна за изградба на втората делница од пругата кон Бугарија.

„Со ова ЕУ сака да испрати порака дека балканските земји треба да соработуваат и да комуницираат повеќе“, додаде Анѓушев.

Тој потсети дека јавноста ги критикуваше поради меѓународните средби, но, како што рече, тоа не било случајно. Според Анѓушев, премиерот Зоран Заев остварил средба  со претставници на Светската банка, но и со претставници од владата на Франција.

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓужев кажа дека пругата ќе биде градена во континуитет, па затоа и третата делница ќе се гради откако ќе биде завршена втората.

Пренесувајќи ги пораките на европските лидери од Самитот, Анѓушев нагласи дека според германската канцеларка, Ангела Меркел ЕУ треба да даде поддршка за развој на дигитализацијата и ИТ технологијата, но и за програми за младите.

Комесарот за проширување, Јоханес Хан истакнал дека Брисел сака да ги види земјите од Западен Балкан во Еу, а пак високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини потенцирала дека ЕУ и Западен Балкан си се потребни едни на други.

Следниот Самит на кој премиерите од балканските земји ќе се сретнат со европските лидерите, ќе се одржи во Лондон.

На денешната прес конференција присуствуваше и министерот за транспорт, Горан Сугаревски кој информираше дека веќе е потпишан Договорот за транспортна заедница, кој евроамбасадорот Самуел Жбогар го најави на прес конференција во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжува собраниската расправа по ребалансот на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по ребалансот на ...

Заев: 35.000 работници ќе летуваат на сметка на државата

Работниците со ниски плати да летуваат на сметка на државата во некои од нашите туристички ...

Close