Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Сеад Кочан

По барање на Специјалното јавно обвинителство, денеска на јавна седница Одбраната на Сеад Кочан и обвинители од СЈО ќе ги соочат аргументите „за“ и „контра“ одлуката за притвор.

Иако е распишана потерница, Кочан е недостапен за органите на прогонот. Неговиот адвокат Никола Додевски, исто така не открива каде е, туку само вели дека „Кочан е на службен пат“.

Во предметот „Труст“, на Специјалното јавно обвинителство  Сеад Кочан се товари за фалсификување на документација со уште две фирми, здружени во конзорциум, со кои добиле тендер на ЕЛЕМ и противправно се стекнале со финансиска корист од 17 милиони евра.

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close