Арапите подготвени за помирување со Израел доколку се повлече од окупираните територии

Арапските лидери на крајот на еднодневниот самит во Аман во среда истакнале дека се подготвени за историско помирување со Израел ако се повлече од подрачјата што ги окупираше во 1967 година.

Во соопштението што го прочита генералниот секретар на Арапската лига се објавува дека арапските држави ќе ги поддржат палестинско-израелските мировни преговори за завршување на неколку деценискиот конфликт доколку се гарантира формирање на палестинска држава до Израел.

Со тоа ја повторија својата понуда за „помирување“ од 2002 година со која се побара израелско повлекување, како и договор за палестинските бегалци, се наведува во соопштението објавено по самитот.

Извор: Макфакс

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close