Балканските и Првата светска војна – тема на романот „Битолски триод“

Издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје во едицијата „Современа македонска проза“ го објави романот „Битолски триод“ од писателот Владимир Костов.

– Авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели. Посебен акцент става на двегодишните бомбардирања на артирелијата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради, меѓу кои и ретки монументални градби на познатиот Широк Сокак – соопшти издавачот.

Во рецензијата за книгата, писателот Раде Силјан наведува дека во „Битолски триод“ „се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој ќе доцни на претстава – нема да присуствува

Новиот директор на МНТ, Драган Спасов – Дац, вчера преку својот профил на „Фејсбук“ напиша ...

Овации за документарецот „Со љубов“

Насмевки, емоции, аплаузи и бурни овации предизвика проекцијата на македонскиот документарен филм „Со љубов“, посветен ...

Close