Без струја утре делови од Кисела Вода и Гази Баба

Заради закажани технички зафати од страна на „ЕВН Македонија“ АД, утре ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во општините Кисела Вода и Гази Баба, информираат од РЦУК Скопје.

Од 8:00 до 17:00 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Георги Димитров“, „Вера Јоциќ“ и средното училиште „Васил Антевски – Дрен“, од 9:00 до 15:00 часот улиците „553“ и „Виктор Иго“, а од 9:00 до 10:00 часот улиците „Иван Тургењев“ и „Коперникова“ во населба „Драчево“, општина Кисела Вода.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од „Фершпед“, Бензинска и Склад во општина Гази Баба.

Преземено од: А1он

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close