Бизнисмените ги предочија своите предлози: Заев побара поддршка и соработка

Во Македонија мора да се направи договор меѓу јавниот и приватниот сектор за да се регулираат односите меѓу Владата и другите државни органи од една страна, и бизнис заедницата, организирана и претставена преку бизнис асоцијација од друга страна. Ова е заклучокот од денешната дебата за подобрување на деловниот амбиент во земјава. Настанот го организираше Стопанската комора на Македонија.

Државата да изготви долгорочна стратегија за да се постигне стапка на економски раст меѓу пет и седум проценти  во наредните 10 години;  да се подобри ликвидноста; да се унапреди системот за образование и продуктивноста на работната сила, но да се загарантира приватната сопственост – ова се само дел од предлозите кои бизнисмените денеска му ги предочија на Економскиот владин тим предводен од премиерот Зоран Заев.

На средбата во Стопанската комора на Македонија, претставници на компании ги актуелизираа прашањата за рударството, здравственото осигурување, но и недоволните сместувачки капацитети на градинките.

-Со прашањето за рударството кое е актуелен проблем, ние праќаме негативни пораки на инвеститотирте. Сметам дека иако владата е формирана неодамна, ќе мора да заземе став како ќе им одговориме на луѓето, затоа што до Македонската асоцијација за рударство доаѓаат различни прашања, а ние не сме моќни да одговориме.

-Би сакала да знам дали се предвидува и дали има планови за искористување на здравственото осигурување кое е облигаторно да го платиме, да може да се искористува и во приватните здравствени институции?

-Дали би можеле да направиме јавно приватно партнесрство во делот на обезбедување градинки? Би било прекрасно доколку заедно со Владата формираме градинка, ќе го растеретиме капацитетот во градот, а ќе се подобри  животниот стандард на нашите вработени, односно родителите на децата – истакнаа дел од присутните стопанственици.

На ова, вицепремиерот Кочо Анѓушев одговори дека владата нема да има амбиција да биде работодавач на стопанството:

„Економијата е како возење велосипед, не е како возење автомобил. Ако запрете да ги вртите педалите, не застанувате, паѓате. Ќе се обидеме оваа влада да ги врти педалите силно и да ја движи економијата напред“.

На прашање на стопанствениците, одговараа и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, а на работната средба присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На прашање на стопанствениците, одговараа и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, а на работната средба присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На работната средба во Комората, компаниите исто така, бизнисмените побараа што поскоро спроведување попис на населението, а со тоа, како што рекоа, и попис на сите економски релевантни показатели како единствена појдовна основа за планирање, проектирање и преземање конкретни реформски чекори во економијата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close