Билансот на загинатите во одронот на депонија во Етиопија достигна 115 лица

Билансот на загинатите за време на одрон на големо количество отпад на депонијата Коше во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба, достигна 115 лица.

Спасувачките екипи веќе петти ден трагаат по преживеаните, а во земјата е прогласена тридневна жалост.

Повеќето од жртвите се жени, дури 75 отсто, а во одронот се затрупани неколку импровизирани куќи и бетонски згради.

Депонијата Коше е место на кое веќе 50 години се складира отпадот од етиописката престолнина.

Пред неколку години градските власти ја затворија оваа депонија, но неодамна беа принудени повторно да почнат да ја користат за депонирање отпад и смет, бидејќи локални фармери во знак на протест поставија блокади на пристапните патишта кон новоизградената депонија.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Три предвремено родени близначиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Тројка предвремено родени бебиња починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство – пишува порталот Плусинфо. ...

Пронајдено искасапеното тело на позната шведска новинарка

  Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската ...

Close