Благотворната соба која ве опушта и релаксира – Кои се придобивките од сауната

Нудејќи низа здравствени придобивки, придонесувајќи да изгледате и да се чувствувате подобро – сауната се користи веќе стотици години, но таа и денес ужива голема популарност.

Типична сауна е една обична и многу загреана соба. Традиционалните фински сауни се така проектирани за да постигнуваат сува топлина. Релативната влажност на воздухот најчесто е помеѓу 10 и 20%, но исто така има и видови на сауни каде што влажноста е повисока. На пример турските сауни се со поголемо ниво на влажност.

При престојот во сауна температурата на кожата може да се покачи на околу 40° C. Кога се зголемува температурата на кожата, организмот реагира со силно потење. Срцето одеднаш почнува да работи забрзано, бидејки загреаното тело се обидува да ја намали температурата. Затоа, за многу кратко време поминато во сауна преку потење се губи и до половина литар течност.

Неколку клучни здравствени и велнес предности:

Сауната ослободува од стрес – топол и тивок простор без надворешни влијанија ќе Ви овозможи да се опуштите. Зачекорете во сауната и затворете ја својата врата за остатокот од светот.

По физичка активност, сауната ги опушта мускулите, ја намалува напнатоста и ја елиминира млечната киселина и другите токсини што можат да бидат присутни.

Повеќето луѓе се потат секојдневно, но длабинското потење кое се постигнува во сауна има повеќекратни здравствени бенефиции.

Во сауна температурата на телото расте, крвните садови се шират, потните жлезди произведуваат пот во која има 99% вода и токсини кои на тој начин се исфрлаат од организмот, кожата се чисти и изгледа помеко. Со самото тоа, сауната е најдобар начин за детоксификација.

Истражувањата покажуваат дека употребата на сауна резултира со поопуштен и подлабок сон.  Сауната ја намалува склоноста кон настинка и грип. Кога телото е изложено на висока температура произведува бели крвни зрнца кои помагаат во борба против болести и вируси.

За социјалните придобивки од сауната ретко се зборува, но таа може да биде лично подрачје на опуштање и осаменост, но од друга страна и релаксирачки амбиент за дружење со семејството и пријателите.

Не станува збор само за тоа што е навистина благотворна – сауната е навистина добра за Вашето тело и организмот. Било да се случуваат физиолошки промени или е само време поминато во релаксирање,  чувството е прекрасно.  Во сауна можете да ја вратите енергијата на телото и душата, да се чувствувате и да изгледате подобро, но и да спиете подобро.

Мерки на претпазливост кои треба да се преземат за да се избегнат какви било негативни ефекти по здравјето

Избегнувајте пиење алкохол: Алкохолот може да го зголеми ризикот од дехидрирање бидејќи заради поинтензивното мокрење телото губи повеќе вода.

Ограничете го времето поминато во сауна: Не поминувајте повеќе од 20 минути во сауна. Луѓе кои никогаш претходно не користеле сауна треба да го ограничат времето на 5 до 10 минути. Дури откако ке се навикнат на топлината, полека може да се зголемат времето на околу 20 минути.

Пијте многу вода: Без оглед на видот на сауната, важно е да се надоместат течностите кои се губат заради потењето. По употребата на сауна треба да пијат две до четири чаши вода.

Избегнувајте употреба на сауна ако се чувствувате лошо: Луѓето кои се болни треба да почекаат додека целосно не се опорават пред да користат сауна. Жените кои се бремени или пак оние со одредени здравствени проблеми обавезно треба да се консултираат со својот лекар пред да користат сауна.

Додади коментар

Би те интересирало и

Тиквички – вкусни, здрави и корисни

Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на ...

Адитивите во храната ја зголемуваат телесната тежина

Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот ...

Close