„Блиц“: Терористот од Лондон убивал Срби во ’90-те години во Босна

Халид Масуд, кој во средата изврши терористички напад во Лондон, за време на војната во Босна и Херцеговина бил припадник на злогласниот одред „Ел Муџахид“ – пишува „Блиц“. Белградскиот весник објави дека поседува листа од 1.774 борци на одредот „Ел Муџахид“, меѓу кои е и името на Масуд.

Весникот додава дека тој како исламски „светски воин“ во Босна дошол на 1 мај 1993 година, кога се приклучил кон арапските борци од тој одред, кои се наоѓал под команда на Третиот корпус на армијата на БиХ.

На почетокот на ’90-те години од минатиот век, според весникот Масуд го радикализирале познатите вехабистичи лидери Абу Хамза ал Мисри и Омар Бакри Мухамед.

– Станува збор за луѓе, кои на почетокот на граѓанската војна во БиХ одиграа пресудна уога во формирањето на злогласниот одред „Ел Муџахид“, кој дејствуваше во рамки на Третиот корпус на т.н. Армија на БиХ и кој се „прослави“ со стравични злосторства врз заробените српски цивили и војници – пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори на разузнавачко-безбедносните структури. Весникот ја пренесува и изјавата на членот на Експертскиот тим за Југоисточна Европа за борба против тероризмот, Џевад Галијашевиќ, според кого Масуд за време на војната во БиХ, бил припадник на „Ел Муџахид“.

Галијашевиќ изјави дека Масуд, кој покрај своето име го имал и додатокот Абдула, кој го користеле голем број припадници на тој одред, од Босна си заминал на 25 декември 1995 година.

Додади коментар

Би те интересирало и

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ...

Тачи: Мора да бидеме подготвени на нови компромиси

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека верува оти лидерите во Косово и во Србија се ...

Close