Брегзитот ги тресе столбовите на Западот, но сѐ уште не се рушат

Велика Британија денес зачекори во непознатото, а можеби и во бездната.

Сега почнуваат двете години преговори за разводот од Европската Унија кои веројатно ќе бидат заморни, кавгаџиски и пакосни, со неизвесен исход, а адвокатите и трговските преговарачи ќе бидат единствените сигурни победници, пишува Њујорк тајмс.

Европската Унија за првпат губи членка, и тоа втората по големина економија во блокот. Мултилатералната архитектира на западниот свет создадена по Втората светска војна со ова претрпе сериозен удар и сѐ повеќе се наметнува прашањето значи ли ова вртење кон себичниот национализам почеток на нова, многу понестабилна ера.

Да, малку луѓе го предвидеа брегзитот, како и победата на Доналд Трамп на американските избори која само го зголеми впечатокот дека антиестаблишмент треска ги зарази западните демократии. Но, малку луѓе ја предвидеа и денешната ситуација: ЕУ, иако болежлива и дисфункционална, е далеку од мртва.

Десничарските популисти тонат во анкетите во Германија, по потфрлањето на парламентарните избори во Холандија и на претседателските во Австрија, како и левите популисти во Шпанија минатата година. Истражувањето на јавното мислење низ ЕУ покажува незадоволство од унијата, но не и желба за излегување по примерот на Британија.

Дури и Бугарија, членката на ЕУ која е можеби под најголемо влијание на Русија, на изборите минатиот викенд ѝ ја даде довербата на проевропската влада на десниот центар.

Прашањето е дали некои Европејци, гледајќи ги првите последици од брегзитот и претседателството на Трамп – политичкиот јаз и падот на фунтата во Британија и утките на Трамповата Бела куќа во САД – се отрезнети од хаосот со десницата. Таа теорија ќе биде тестирана следниот месец на француските избори, но според анкетите центристичкиот кандидат Емануел Макрон сепак води пред екстремната националистка Марин Ле Пен која вети дека ќе ја изнесе Франција од ЕУ и НАТО.

Иако таквите проценки се неблагодарни, аналитичарите сметаат дека брегзитот, со несигурноста што ја предизвика за ЕУ, е добра вест за Русија и Кина. Овие две големи сили ќе имаат поголемо влијание во преговорите со поединечните европски престолнини отколку со обединетиот европски блок кој и понатаму е геополитичка сила.

Британското отсуство од Брисел би можело да му помогне на рускиот претседател Владимир Путин околу санкциите против Русија поради анкесијата на Крим и европското ослободување од зависноста од рускиот гас. Британија се сврте кон себе, прашањата на контролата на границата и пристапот до европскиот пазар, како и барањето да се „врати суверенитетот“ на Лондон.

Но, со гласањето на шкотскиот парламент за нов референдум за независност на Шкотска,   Лондон националистичката треска што ја поттикна би можела да го удри по глава. Иако тој референдум не може да се распише без одобрување од британскиот парламент, јасно е дека Велика Британија сѐ повеќе се соочува со поделба.

За да го задржи влијанието на Британија во светот, премиерката Тереза Меј сѐ повеќе се врти кон Трамп. Но, тој и неговиот главен стратег Стивен Бенон се длабоко скептични кон слободната трговија, мултилатеризмот и „заплетканите сојузи“ како ЕУ, НАТО или ОН. Во исто време, Меј и понатаму ја промовира Британија како земја свртена кон глобализацијата и слободната трговија. Таа контрадикција може да биде голем проблем.

Поради тоа е тешко да се предвиди иднината на Велика Британија. Додека некои ја гледаат како европски Сингапур, суверен, но почитуван и посакуван партнер, други сметаат дека ќе стане сѐ поизолирана, особено ако Брисел бара остри услови за разидувањето.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close