Бугарија победи на Евросонг

Фото: Јутјуб

Бугарија е победник на јубилејното 70. издание на најголемата европска музичка манифестација Евросонг, која се одржа во Виена. Второто место му припадна на Израел, додека третото на Романија. Ова е прва победа на Бугарија на Евросонг.

Дара со „Бангаранга“ освои 516 гласа о жирито и публиката и го остави Израел на второто место со 343 гласа.

Победата на Бугарија не е изненадување, бидејќи речиси цело време додека се глсаше таа беше на врвот, а победи и со 204 гласови од со жирито.

Бугарија четири години правееше пауза од Евровизискиот натпревар и се врати за јубилејното во Виена.

Која е енергичната Дара?

Дара е една од најпознатите поп пејачки во Бугарија со својот уникатен глас, енергичен сценски настап.

Дара ги поместува границите на бугарската музика и е најпозната по нејзините најголеми хитови. Покрај тоа што има повеќе хитови таа е истакната фигура на модерната балканска музичка сцена.

Додека нејзините песни и видеа собраа над 80 милиони слушања и прегледи, Дара менторираше нова генерација музичари, преку „The Voice of Bulgaria“, во 2021 и 2022 година.

Нејзиниот најинтимен проект досега, албумот АДХДАРА, беше објавен во 2025 година. Овој проект го означи нејзиниот премин од Бугарија кон светскат сцена.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ