Бугарски рудари штрајкуваат со глад

Работниците од рудникот за манган „Оброчиште”, што се наоѓа близу градот Добрич во североисточна Бугарија, стапија во штрајк со глад со барање државата да го преиспита концесискиот договор за наоѓалиштето – јави БТА.

Според лидерот на синдикатот на рудникот, Ивајло Тодоров, двонеделниот протест за повисоки плати на 180 рудари, не вродил со плод, па тие се решиле на порадикални чекори.

Раководството го блокирало пристапот до рудникот.

„Штрајкот веќе е за спасување на рудникот. Штрајкувачите не можат да воспостават никаква врска, дури ни телефонска, со раководството на рудникот,  изјавил Тодоров за бугарските медиуми.

Наоѓалиштето за манган близу селото Оброчиште, експертите го сметаат за четврто по големина во светски рамки.

Додади коментар

Би те интересирало и

Хаљити: Кадри Весели в четврток ќе биде избран за претседател на косовскиот Парламент

Заменик претседателот на Демократската партија на Косово, Џавит Хаљити, тврди дека на 24 август за ...

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ...

Close