Будуќност го отпушти Вилијамс

 

Црногорскиот кошаркарски шампион Будуќност му додели отказ на Американецот, Маркус Вилијамс во пресрет на утрешниот втор дуел од полуфиналната пресметка со Црвена звезда.

– Маркус Вилијамс веќе не е во нашиот тим. Ова е одлуката на целиот стручен штаб. Тој покажа непочитување кон клубот, кон дресот што го носи, кон соиграчите и тренерите, како и на тренинзите, изјави тренерот Илијас Зурос.

Вилијамс во Будуќност пристигна како големо засилување но не ги оправда целосно очекувањата, а незадоволството од неговата игра кулминира на последниот меч во Белград кога црногорскиот тим загуби од Црвена звезда во првиот дуел од полуфиналето во АБА лигата.

Утре двете екипи ќе го играат вториот дуел во пресметката прв до две победи.

Додади коментар

Би те интересирало и

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се ...

Традиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон

31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август. Истиот ќе се одржи на патеката „Климе ...

Close