Бучковски: Новите протоколи не се „кукавичко јајце“, новиот Европски договор ги штити нашите интереси – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Бучковски: Новите протоколи не се „кукавичко јајце“, новиот Европски договор ги штити нашите интереси

Моето мислење го кажав уште дента кога го видов првичниот предлог од Франција, мислев и тогаш дека тоа е добра основа за да се најде компромис со Бугарија. Во меѓувреме и бугарскиот Парламент создаде предуслови за кревање на ветото, изјави поранешниот премиер и 14 месеци олеснувач во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски при денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Имаме сега модифициран предлог, кој сега е европски и не гледам причина зошто Македонија би тактизирала, уште повеќе што со овој предлог се добива тоа што ние сакаме и го имаме декларирано во Парламентот, во собраниската Резолуција, заштита на идентитетот и второ- се затвара едно прашање  што го гледаме од патриотска гледна точка. Завршува приказната дека во Македонија живеат Бугари, дека всушност имаме еден народ во две држави. Со прифаќањето од нашата држава, да дојде до уставни измени во Преамбулата да влезат Бугарите меѓу другите малцинства, мислам дека ја затвараме таа приказна. Останува, почитувајќи ги договорот од Преспа и почитувајќи го договорот за добрососедство со Бугарија, да покажеме во базичните, основните критериуми дека ние не се плашиме од имплементирањето на овие договори, уште повеќе што со Бугарија и според моето искуство од оние 14 месеци додека бев „олеснувач“ во процесот и треба објективно некој да прави годишни прегледи, до каде сме со имплементацијата. Ние до овде дојдовме заради таа недоверба што постои меѓу нас и заради различните толкувања за тој прв протокол кој го имаат потпишано и тој прв записник на првата единствена меѓувладина конференција што се одржа во 2019 година. Потписите се таму на Захариева и Димитров. Бугарската страна тврдеше тоа што таму е запишано не е почитувано, ние тврдевме дека од бугарската страна нема почитување на договорот и мислам дека во ваква кулминација на недоверба , решението што е понудено од Франција, решението што е понудено од ЕУ е балансирано. Се заштитуваат уште еднаш нашите национални интереси и не треба да правиме компарации со ниту еден друг случај, “ смета Бучковски.

Тој смета дека во договорот така како што е напишан ниту во оној фамозен чл 12, кадешто на годишно ниво треба да има меѓувладини конференции на коишто треба да се направи преглед на тоа што е направено и што треба да се направи во иднина, не постои опасност некој да не асимилира или бугаризира.

„Може да изанализирате  дали е кукавичко јајце тоа што го потпишале Димитров и Захариева. Погледнете сега што договарале Генчова и Османи. Ниту е кукавичко јајце, ниту треба Македонија, нашите граѓани да се плашат од тие прегледи. Нормално сега добиваме супер визор, уште 26 земји членки ќе погледнат во делот на прегледот, одиме ли напред во имплементацијата. Ние не треба да се плашиме од имплементацијата  на договорот. Тоа е мое длабоко убедување дека оние коишто најмногу го напаѓаат Францускиот или Европскиот предлог за отпочнување на преговорите, вушност посредно го напаѓаат Договорот за пријателство и соработка и навестуваат дека би сакале статус-кво ситуација, да се нападне тој договор и ако може при промена на власта да се поништи а не дека Макеодонија нема фер-предлог. Не постои можност некој да не асимилира или бугаризира. Тоа е една навистина опасна теза која ја користи ВМРО-ДПМНЕ како единствено оправдување, зошто не треба да ги почне преговорите. Нека бидат уверени дека членовите на нашата комисија која е дел од заедничката комисија за историски-образовни прашања, докажаа во изминатите 4 години дека се луѓе со дигнитет, историчари кои имаат доволно искуство и ако се гледаат дел од драфтовите за дел од прашањата со кои сега се манипулира, никој никогаш нема да ја натера Македонија да ја промени својата историја,’ додава Бучковски.

Тој смета дека предлогот од 18 јуни не е истиот што го добивме завчера. Во него се прави уште еден дополнителен исчекор.

„Во две фази ќе биде почетокот на преговорите. Отварањето ќе се случи уште идната недела ако се биде во ред, така што останува овде на домашен терен, во една посмирена атмосфера да се вратиме на оние принципи кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ, дека и за нив не е никаква трагедија ако се отвори уставот и ако влезат Бугарите во Преамбулата. Нема никаков проблем да во процесот кој следи да се постигне тој минимум консензус меѓу двете водечки македонски партии и конечно и ВМРО-ДПМНЕ во моменти од кои зависи иднината на Македонија, да биде  на страната на нашите стратешки интереси,“ кажа Бучковски во денешното гостување во денешното издание на емисијата Стадиона на Канал 77

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background