Вангелов: Ќе најдеме решение, но треба време(видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Вангелов: Ќе најдеме решение, но треба време(видео)

Огнен Вангелов доктор по политички науки од канадскиот Queen’s University во Кингстон, новиот член на македонско бугарската историска комисија вели дека се отворени за соработка за заеднички прифатливи решенија , дека се дебатира, но не смее да се оди против науката и аргументите.

.- Дискусиите се вжештени, се дискутира отворено. Има голем број колеги кои истражуваат и пишуваат согласно научни аргументи кои се и наши постулати, но дел од водечките бугарски членови на комисијата  немаат секогаш слух за модерните, но и за веќе класичните научни емпириски и теоретски аргументи за нациите. Македонија не е вештачка нација, настанала како и другите на природен начин и не прифаќаме такви постулати за разговор – вели Вангелов специјалист за нации и национализми кој порано има работнео и во Меѓународната кризна група во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background