Вардарки против Ларвик, ФТЦ и квалификант, во првата фаза од Лигата на шампионките

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, ЖРК Вардар, ги доби противниците за новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарки кои минатата сезона завршија како второпласирани, откако во финалето загубија од Ѓер, во новата сезона предводени од Ирина Дибирова повторно ќе атакуваат на највисок пласман.

Тие вчера на ждрепката во Љубљана ги дознаа противничките во првата фаза по групи. Вардарки ќе играат во Б групата против норвешки Ларвик, унгарски ФТЦ Будимпешта и победникот од квалификациската група 2 во која за првото место ќе се борат Турингер (Германија), Атлетико (Шпанија), Хоор (Шведска) и Хипо (Австрија).

Во останатите три групи ќе играат:

А група: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим, Висла Гдиња
Б група Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест
Д група Д: Будуќност, Мец, Битигхајм, квалификант 1 (Кристијанштад (Норвешка), Подравка (Хрватска), Гомел (Белорусија) и Кастамону (Турција).

Новата сезона од ЛШ ќе стартува на 6 октомври.

Додади коментар

Би те интересирало и

Младите ракометари ја декласираа Буркина Фасо

Младата македонска ракоемтна репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство во Алжир. ...

Одличен почеток на младите ракометари: Победа на стартот на СП

Македонските млади ракометари моментално се во Алжир и ја претставуваат нашата земја на Светското ракометно ...

Close