Варди добил смртни закани по разрешувањето на Клаудио Раниери

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди објави дека добил смртни закани по разрешувањето на Клаудио Раниери.

Според информации во англиските медиуми Варди е во основата на разделбата на шампионите со италијанскиот тренер. Фудбалерите се незадоволни од методите на Клаудио Раниери и тоа доведе до серија слаби резултати, што предизвика негова смена.

Џејми Варди негира дека тој бил причината за промената на тренерот, но заканите биле реални и дури жена му добила нервно растројство.

„Немам ништо заедничко со промената на Раниери. Кога моето семејство доби смртни закани и се засегнати дури и децата, сè друго не е важно. Многу пати се случило автомобилот со жена ми и децата да е запиран од луѓе кои си дозволиле да ги навредуваат и тоа е застрашувачки“, вели Џејми Варди.

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close