Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Фото: Архива

Еден возач на велосипед се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три незгоди три лица се полесно повредени, а во осум е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 28 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 78 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.

Денеска Одделението за превенција заедно со Училишната сообраќајна единици ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Карпош, поточно на сообраќајниците кои гравитираат околу ТЦ „Сити мол“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Три предвремено родени близначиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Тројка предвремено родени бебиња починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство – пишува порталот Плусинфо. ...

Пронајдено искасапеното тело на позната шведска новинарка

  Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската ...

Close