(видео)Славица Грковска: Не само функционерите туку и сите кои што наоѓаат на некаква позиција мора да ги контролираат емоциите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(видео)Славица Грковска: Не само функционерите туку и сите кои што наоѓаат на некаква позиција мора да ги контролираат емоциите

„Моја обврска е да се грижам за етичкиот кодекс на избраните и именувани функционери од Владата, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, во емисијата Стадион, на прашањето дали тоа што го направи претседателот на парламентот Талат Џафери, снименото однесување со собраниската администрација е во ред.

Доколку Џафери беше дел од извршната власт, Грковска вели дека одлуката , за евентуалната постапка ќе ја донесе откако најпрвин ќе ја разгледа целата ситуација и сите документи, како што впрочем тоа го направила со Министерот за правда Тупанчевски, кој доби опомена за кршење на  Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо

„Тоа беше првата мерка од етичкиот кодекс и тоа е кодекс на однесување, тоа не е закон, кој предвидува санкции поради нечие постапување. Тоа е кодекс кој укажува. Нема дисциплинска постапка,“ додава Грковска.

Таа смета дека треба што е можно повеќе да се контролираат чувствата и да се избегнуваат такви ситуации.

„Не само избраните и именуваните функционери, генерално и сите луѓе кои се на некаква позиција, директори на Јавни претпријатија, директори на приватни фирми,раководители, би требало да ги контролираат емоциите, без разлика за каква ситуација станува збор. Тоа е пожелно и препорачливо и воопшто не е пријано и за вработените а сигурна сум и после тоа и за оној којшто избувнал и не можел во моментот да ги контролира чувствата. Непријатно е и за едните и за другите,“ смета Грковска.

Во етер
Наслов
Изведувач

Background