(ВИДЕО) Бислимоски: Енергетската криза на годишно ниво Македонија ја чини 220 до 230 милиони евра – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Бислимоски: Енергетската криза на годишно ниво Македонија ја чини 220 до 230 милиони евра

Покачувањето на цената на парното ќе зависи од цената на природниот гас, тој во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Да видиме која цена на природен гас ќе ја добиеме и веднаш ќе излеземе со информација. Во цената на парното во Скопје, трошокот за природен гас учествува со 70%, во зависност од тоа каква цена ќе добиеме. Сега во просек за 2021 година во првите месеци, првиот квартал беше нешто пониско нешто околу 170 долари, во последниот квартал беше 310 -320 долари, во просек 250 -260 долари на метар кубен. Сега на берзите е околу 1400 долари за метар кубен“, вели Бислимоски.

Макпетрол обезбедува гас од Русија, вели Бислимоски гасот што го добиваме во државата е руски гас, немаме друг.

„Јас сум секогаш противник да има драстични скокови на цена, што ќе се случи ако драстично се зголеми цената на парното, ќе почнат исклучувања на корисници, и тие ќе се греат на струја. Дистрибутивната мрежа не е подготвена, не е подготвена да прими струја. Ќе има проблеми со напојувањето, ќе почнат да горат трафостаници. И доколку се префрлат на електрична енергија, прво ќе има проблеми со напојување во тие делови и таа електрична енергија ќе треба од некаде да ја купиме, а Скопје е најголем потрошувач. И тоа уште повеќе ќе ја влоши состојбата во однос на набавка на електрична енергија и со тоа дополнителен притисок на цената“, вели Бислимоски.

Тој потенцираше дека доколку дојде до покачување на цената на парното во Скопје, во тој случај треба да се вклучи Градот Скопје, општините и Владата во овие услови на криза треба да се однесуваме соодветно, вели Бислимовски.

Во однос на новаа цена на електричната енергија која што треба да биде формирана и д аважи од 1 ви јанауари 2022 година, претседателот на РКЕ Бислимоски вели дека Македонија е едиснтвената држава во регионот и Европа што користи евтина тарифа во текот на денот од 14 до 16 часот и од 22 до 07 часот наутро и цел ден во недела.

„Евтината тарифа во ноќните часови и во текот на денот недела, ќе остане. Правиме анализи какво влијание има евтината тарифа од 14 до 16 часот преку ден, затоа што тогаш имаме зголемена потрошувачка на електрична енергија и таа електрична енергија потрошувачите ја плаќаат околу 2,8 до 2,9  денари за киловат час. А ние во тој период таа зголемена електрична енергија на потрошувачка, ја плаќаме со увоз, бидејќи ја немаме во домашно производство. Увозот изнесува во просек во последниве неколку месеци околу 15 денари за киловат час. И сега имаме ситуација купуваме струја за 15 денари, а ја продаваме за 2,8 до 2,9 денари, и овде економски нема логика. По направена анализа ќе видиме какво влијание има на целиот енергетски систем оваа евтина тарифа“, вели Бислимоски.

Тој вели дека просечна потрошувачка на едно семејство е 450 киловат часови, односно околу 2000 денари. Она на што се размислува е скалестиот тарифник кој веќе го користат во Србија и Хрватска.

„Како ќе се зголемува потрошувачката и тоа во скапа тарифа, во евтина секогаш ќе има иста цена со цел да им помогнеме на граѓаните и да ја префрлат својата потрошувачка во периоди кога најмногу му одговара на системот“, вели Бислимоски.

„За набавката на загуби имаме најсериозен проблем ако минатата година купуваа електрична енергија за покривање на технички загуби по околу 55 евра, сега купуваат по 220, 230 , 300, вчера на тендерот на МЕПСО се појавија понуди и од 516 евра за мегават час. Прави сериозен пристисок врз тој дел бидејќи тие загуби на електрична енергија мора да ги набават, инаку според тоа што доставија во своите барања ЕСМ за дистрибуција на електрична енергија бара 100% зголемување, тоа го оправдува со зголемени трошоци за набавка на загуби од 134 милиони евра, а кај МЕПСО се зголемени трошоците за околу 515 /516 милиони евра. Но тоа е што бараат компаниите. Како што ветивме најтранспарентно ќе ја информираме јавноста што е поднесено како барања до Регулаторната комисија за енегретика и тие анализи кои што сега ни следат ќе ги правиме во следните 7 до 8 дена и ќе излеземе со конечен став колкава треба да биде цената на електричната енергија. При тоа ќе ги искористиме сите механизми кои што ни стојат на располагање да не предизвикуваме ценовни шокови“, вели Бислимоски.

РКЕ треба да добие цена која што ќе ги покрие трошоците на компаниите, а понатаму ќе анализира за воведување на скалесто тарифирање, но пред се да се почека вели Бислимоски да се види како ќе се одвиваат цените на електричната енергија на слободниот пазар.

„Не сакам да шпекулирам и да кажувам предвидувања за понатаму како ќе се движи цената на електричната енегрија, затоа што реално никој не знае. Она што е логично и може да се очекува во регионот вообичаено во април доаѓа период на големи води и тогаш се зголемува производството на хидроцентралите во целиот регион. Ќе имаме зголемено производство, потрошувачката ќе се намали бидејќи завршува грејната сезона, во тој случај ќе имаме поголема понуда, помала побарувачка и тоа ќе има намалување на цената на електричната енергија“, вели Бислимоски.

Како зголемени трошоци на системот, пред се заради набавка на електрична енергија од надвор на годишно ниво доколку се преслика се имаа околу 220  до 230 милиони евра, за крај сподели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, во „Стадион“ на Радио Канал 77.

Г.Д

 

Тагови

Во етер
Наслов
Изведувач

Background