(ВИДЕО) Валентин Зафировски: Органодарителството не треба да биде табу тема – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Валентин Зафировски: Органодарителството не треба да биде табу тема

Никој не зборува за добробитот на трансплантацијата, малку се зборува. Среќа во несреќа е што сега трансплантацијата на срцето ја отвори повторно оваа тема. Треба да се зборува за органодарителство, што повеќе се знае, полесно се разбираат некои работи, изјави во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77,  Валентин Зафировски, човекот на кој пред 16 години му беше трансплантиран бубрег.

-Тоа беше чиста среќа во тоа време, сега медицината е многу напредната. Се работи за еден прекрасен момент. Пациентот имаше мозочна смрт, а јас и една „колешка” со која бевме на дијализа добивме бубрег. Благодарение на несебичноста на семејството се извршија две успешни трансплантации. Со тоа семејство и ден денес комуницирам, добри пријатели сме, изјави
Зафировски.

Пред да ја направи операцијата во нашата држава, Зафировски се подготвувал за операција во Русија. Повикот дека операцијата може да се изведе тука, го охрабрил и изненадил.

-Јас направив типизација на ткива, се подготвував за операција во Русија преку Фондот за здравство, но подоцна ми јавија дека може операцијата да се случи тука. Се разбирам дека веднаш прифатив, вели Зафировски.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background