ВИДЕО: Дали би аплицирале за најтешката работа во светот без плата? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

ВИДЕО: Дали би аплицирале за најтешката работа во светот без плата?

Една маркетинг агенција од Бостон решила на креативен начин да ја прикаже најтешката и најубавата работа, а со тоа и да провери на што сè се подготвени младите.

Истовремено сакала да ги натера да сфатат која е најтешката работа во светот за која можеби не се свесни.

Огласот се ширел на интернет и во весниците, а интервјуата се одвивале на Skype преку камера. На тој начин може веднаш да се видат реакциите кога „директорот“ им ги соопштува условите:

– постојано стоење
– треба да работите минимум 135 часови неделно
– неопходен е постојан напор
– мора да знаете речиси сè од областа на медицина, финансии и кулинарство
– нема одмор
– работата за време на празниците уште повеќе ви се зголемува
– нема време за спиење
– нема плата

Оваа работа постои вистински, само што нема оглас за неа. Речиси секој ја има доживеано во текот на животот.

Некои ја работат и целиот свој живот и за тоа заслужуваат најголема благодарност. Можеби не ви се верува, но ова навистина е најтешката и најубавата работа за која нема плата.

Погодувате за што се работи?
Реакциите погледнете ги во видеото, сигурно и вашите би биле исти! Но, крајот го краси делото.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background