(ВИДЕО) Матевски: РЕК Битола до Нова Година ќе проработи во полн капацитет – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Матевски: РЕК Битола до Нова Година ќе проработи во полн капацитет

Во моментот производствениот процес во РЕК Битола се одвива без проблеми, ископот на руда е континуиран, а производството на електрична енергија е стабилно и во полн ек, рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Комбинатот моментално работи со два блока, Блок 1 и Блок 2, а со пуштањето на Блок 3 ќе има олеснување на енергетската криза, вели тој. Санацијата на трансформаторот на Блок 3, каде на почетокот на ноември оваа година изби пожар е во тек.

„Имавме опожарување на трансформаторот на Блок 3, од доаѓањето на превисок напон на надворешна мрежа, што наиде на оштетување на самите изолатори. Со ваквиот пожар се презедоа наредниот ден чекорти за побрза санација, се консултираа стручни лица од нашата електрана, МЕПСО, ЕВН како и професори од факултетите од Битола и Скопје. Моментално санира, се работи на самиот транформатор, работи и екипа од странство, каде што се санира, деловите се обезбедени, имаме добар континуитет на работа и се надеваме дека до 31.12 трансформаторот на Блок 3 ќе биде ставен во функција“, рече Матевски.

За количеството јаглен на депонија вели дека имаат континуиран ископ на јаглен од рудниците кои ги експлоатираат.

„Количината на јаглен варира секојдневно, како што има ископ така имаме потрошувачка, моментално располагаме со 150.000 тони на самата депонија и од ден на ден расте. Моментално имаме континуиран ископ и можам да кажам дека рудниците се во добра форма, имаме јаглен, имаме откривки на јаглен, така што имаме стабилно и континуирано ископување на јаглен“, вели Матевски.

М.Б

Тагови

Во етер
Наслов
Изведувач

Background