(Видео) Моите реакции се минимум, оти мора некако да го искажам својот револт, вели Арсовска за „панаѓурските“ седници на Советот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(Видео) Моите реакции се минимум, оти мора некако да го искажам својот револт, вели Арсовска за „панаѓурските“ седници на Советот

Градоначалникот има суверено право да се обрати пред советот, колку пати сака и по колку време сака, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска откако вчера претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, и го исклучуваше микрофонот на говорница, па таа го нарече Талат Славески. Таа во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека нејзините реакции кои ја брануваат јавноста во изминативе две недели се минимум, бидејќи мора нејзиниот револт да го искаже на некој начин.

– Сметам дека тоа е се до стандардите кои некој ги поставува за таа говорница, ако некој кој доаѓа од вашата партија може да зборува што сака, а кога некој што не ви одговара го исклучувате, вели Арсовска и потенцира дека таа досега со исклучок на една седница, била присутна на сите други.

Со претседателот на Советот, Славески, вели немала никаква комуникација, затоа што како што рече немале теми на кои ќе комуницираат. Со Мицкоски, пак, вели дека имала комуникација пред шест месеци, но не потенцира дали се слушнале или се виделе, туку само дека зборувале за Град Скопје.

Во однос на тоа што беше обвинувана дека прави промени во кабинетот, таа рече дека кабинетот и е ист како на Шилегов и Трајановски.

– Нема никакво блиндирање, се работи за систем за евидентирање. Тоа е  систем кој нема да дозволи луѓе кои не се присутни на работните места, да можат да бидат казнети. Не може некој да не доаѓа на работа и да биде платен или да дојде и да излегува од работа постојано и да биде платен од буџетот на граѓаните. Голем дел од луѓето се навикнати да земаат плата и да не работат, тоа мора да се смени, вели Арсовска.

Запрашана зошто сега повторно има предвидено 120 вработувања во ЈП „Водовод и канализација“, таа вели дека и ова е програма која ја поднел претходниот директор кој таа веќе го разреши. Вели се работи за сериозна бројка и недозволиво е да се вработуваат толку луѓе без никаков критериум и конкурс, и тоа на определено време, преку агенција.

–  Сериозна бројка е тоа и допрва треба да биде предмет на анализа, како градоначалник јас не треба да давам согласност на директорите за вакви вработувања но тие одговараат пред советот, единствено што можам е да го ревидирам нивното работење, вели Арсовска и додава дека во Град Скопје има премногу администрација, а премалку луѓе за терен, а исто така тие се и помалку платени.

Зборувајќи за новите директори кои ги постави пред неколку дена, а кои се кадри на ДУИ и блиски до т.е „огнена група“, таа вели дека избрала луѓе кои во следните шест месеци треба да покажат резултати и граѓаните не треба да ги интересира од каде доаѓаат доколку се одговорни.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background