(ВИДЕО) Пунктови за брзи антиген тестови пред кафулињата и рестораните, предлагаат угостителите од Штип – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Пунктови за брзи антиген тестови пред кафулињата и рестораните, предлагаат угостителите од Штип

„Кога се носат мерки за една ваква пандемија, тие мерки ги носи Комисијата за заразни болести, не ги носи министерот“, вели градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, кој по предлог на угостителите тој ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести за предлогот, пунктови за брзи антиген тестови пред влез во угостителски објект.

„Јас вчера имав и состанок со угостителите, релано ја видов разликата од пред 16 -ти август и сега, 60 до 70% од прометот им е намален. Затоа треба да работиме заедно, Комисијата за заразни болести ќе дава предлози, Владата ќе ги носи предлозите, а ние граѓанскиот сектор, локалната самоуправа ќе треба  да ги корегираме овие мерки затоа што ние сме на терен ние ја доживуваме реакцијата од таа акција. Со доста добриот предлог на самите угостители, прво го кажаа недостатокот, затоа што ниту една особа не може да легитимира, законски, освен ако не е полициско или службено лице. Не може да покажете сертификат на кое име е, затоа што не може редарот да бара лична карта, на тој начин сертификатите може да се копираат, само угостителите тоа го спомнаа, но не би можел да кажам дека се прави тоа, ние македонците сме многу добри во тоа секогаш знаеме како да го заобиколиме законот. Меѓутоа сега треба да најдеме начин како ние да се заштитиме, тоа е приоритетот наш, предлогот нивни беше да се направат неколку пунктови за брзи антиген тестови, со што луѓето ќе се тестираат и ќе може да влегуваат, јас вчера тој предлог го разговарав по телефон со министерот за здравство, со што од понеделник треба да направам официјална средба со членовите од Комисијата за заразни болести, да го дадам ова како предлог, Комисијата треба да го разгледа и да си донесе соодветен став и ние треба да го почитуваме тој став“, вели Николов.

За олабавувањето на мерките, Николов рече дека во месец мај секаде во светот рестриктивните мерки се олабавија, па со тоа и во нашата земја, но остана се на свеста на граѓаните.

„Мерките во месец мај почнаа да се олабавуваат секаде во светот , Германија, Грција, Холандија, Велика Британија дури и една Австралија, каде една година Мелбурн беше во карантин, излегување до продавница мораше да биде со СМС порака каде ќе се движите и тоа во радиус од 200 метри од вашиот дом. Во тој период олабавија мерките  и кај нас. Се сложувам со тоа дека требаше да ги правиме и да ги бараме на граница ПЦР тестовите, меѓутоа мора да знаеме дека Македонија беше во црвена зона, ние бевме во оние критични ризични земји каде што бројот на инфекции беше најголем во регионот, збориме во Европа. Кога имате една таква ситуација вие сте ризични за другите, а не другите за вас. Јас сум еден од оние лекри кој што би сакал да ја имаме и слободната на движење, на функционирање, меѓутоа да ја имаме таа општествена одговорност дека треба да ги почитуваме мерките. Со олабавување на мерките дистанцата не прекина, остана да важи меѓутоа што направивме ние како население, ги изолиравме сите тие работи, го заобиколувавме законот се со цел да уживаме’, вели Николов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background