(ВИДЕО) Рафајловски: Зелената енергија нема алтернатива – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Рафајловски: Зелената енергија нема алтернатива

Професорот и поранешен диркетор на ЕСМ, Горај Рафајловски за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 зборуваше дека во индина треба да се насочиме кон обновливите извори на енергија и треба да се даде шанса на младите генерации и иновациите.

„Правецот на развојот на новите технологии и онаму каде што ќе се движи индустријата и општетсвото е во таа нова генерација или индустрија 4.0, која што веќе е започната. Претходно имавме рзвој на парната револуција, развојот на чипови, сега е таа 4-та индустриска револуција и тука на сцена ќе бидат технологиите кои ќе се развиваат како нови и ќе ги уништат претходните кои човештвото ги познава. Во таа смисла тоа ќе се однесува и на енергијата, враќањето кон јаглен и она што ние го познаваме парни турбини, нема да се случи. Иднината е се повеќе кон тие обновливи извори на енергија нивното интегрирање во преносните капацитети иднината ќе оди во т.н процеси од типот на сложувалка каде мали микромрежи и мали дистрибутивни окрузи и ќе се интегрираат. Во иднина на сцена се повеќе стапуваат паметни решенија во енергетскиот систем и дистрибуциони енергетски ресурси во смисла на фотоволтаици, мали ветерни турбини, мали био гасни хидроцентрали кои ќе бидат интегрирани за еден мал регион во една микро мрежа и ќе се одржува стабилноста на таа мрежа. А потоа ќе има поврзување со други региони“, вели Рафајловски.

Не е само секторот енергетика, вели тој кон оваа нова иднина и довивање некако бенефит за животната средина и здравјето на луѓето треба да се вклучат и другите сектори, како транспортот и привикнување на хибридни воизла за секој вид на сообраќај бродски, воздушен и копнен. А како трет сегмент е земјоделството и користњето на био маса. Со што во иднина државите би станале помалку зависни од фосилните извори на енергија.

Потребно е да се прескокне од границата на размислување која што ја имаме сега и да се даде поттик на младите генерации и на иновативните технологии и она што е во светот да се приклучи и Македонија, вели професор Рафајловски.

 

Тагови

Во етер
Наслов
Изведувач

Background