(ВИДЕО) Шаќири Марковиќ и Димоски: Кафеаните се преполни, а театрите не смеат да работат – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(ВИДЕО) Шаќири Марковиќ и Димоски: Кафеаните се преполни, а театрите не смеат да работат

Освен  концерти и настани од јавен карактер, забрана за работа со публика имаат и културните институции. Театсрите во момент се затворени за посетители, исто така и кино салите.

„До 15 мај се прекинати буквално сите активности, јас се надевам барем после 15 мај до завршување на сезоната ќе може да одиграме од она што било редовен репертоар. Многу ми е жал од една страна, затоа што кафеантие се преполни со луѓе се разбира под мерки но преполни, а театрите не работат, иако ги почитуваме мерките и протоколите. Но од друга страна пак и малку ми е драго што кафеаните се отворени луѓето малку да здивнат, меѓутоа мислам дека комплетно ќе биде се кога ќе се отворат и театрите”, изјави в.д директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ во емисијата „Стадион” на Канал 77.

Таа смета дека со онлајн прикажување на претстави во време на пандемија е губење комплетно на театарската магија, а истото бара многу време и финансии.

„Театар Комедија ќе се обиде на почетокот на јуни месец да направи летна сцена, еден убав театарски викенд, малку театарот ќе го изнесеме надвор и на крајот на август месец ќе се случи
оној популарен театарски фестивал „Гола Месечина” во соработка со Општина Аеродром и Театар Комедија”, вели Шаќири Марковиќ.

Во однос на ковид состојбата со актерите и вработените во Театар Комедија, кажа дека таа била позитивна на Ковид 19, и дека околу 10% од вработените во театарот веќе го прележале вирусот.

„Јас бев заразена со лесни симптоми, актерите и 90% од сите вработени од Театар Комедија се добри, некои 10% ја поминавме коронава со лесни симптоми. Морам да кажам дека просторот
каде што функционираат актерите и проби нели се прават е комплетно озониран, дезинфицираме постојано, следиме мерки и се чуваме”, вели Шаќири Марковиќ.

Директорот на Народниот Театар од Велес „Јордан Хаџи Констатинов – Џинот”, Сашо Димоски при гостувањето во емисијата „Стадион” вели дека онлајн не може да биде алтернатива во никој случај посебно кога станува збор за сценско изведувачките уметности кои инсистираат на непосредното искуство, и односот помеѓу изведувачите и публиката во живо.

„Сценско изведувачките уметности не можат да најдат свој субститут во ништо што би требало да има некаков онлајн предзнак. Така што правењето и гледањето театар во рамката на пандемијата останува за нас сеуште неистражена работа до крај, иако преку некои лабораториски пристапи Велешкиот театар, правејќи ја театарската инсталација за еден гледач при подготовка на една претстава се обиде да даде еден одговор што значи пандемијата за сценско изведувачките уметности конкретно за театарот и како да се обидеме да изнајдеме некои нови начини пред се креирајќи конкретно од контекстот на вирусот па до организацијата на целиот процес на работа во театарот’, вели Димоски.

Велешкиот театар ја донел својата програма за работа и веќе работи на реализација.

„Јас се надевам дека со олабавувањето на мерките, но и со следењето на постоечките протоколи следењето на театар на отворено во претстојниот период ќе може да функционираме, од крај на мај па таму до септември, октомври кога временските услови се надевам ќе го дозволат сето тоа. Велешкиот театар подготвува веќе една премиера која треба да биде готова кон крајот на месецов, а во предпродукција имаме и претства која е планирана за фестивалот за Античка драма „Стоби” кој ќе се случи во месец август. Се надевам дека во овој период на условно потопло време ќе ни овозможи да бидеме повторно со публиката”, изјави Димоски.

Тој вели дека она што треба да се извлече од оваа пандемија како поуката е да останеме подобри луѓе самите пред себе си. Пандемијата дефакто не научи на многу работи, меѓутоа ако елементарно не преземеме нешто по сопствената позиција во светот во  кој живееме  во овој пандемиски свет,
мислам дека многу работи ќе заминат во празно.

„Теаарот многу чуми поминал, многу чуми преживеал излегол многу силен многу концепти се родиле, многу маркантни тескстови, осбено за време на големата чума, при што Шекспир го напишал текстот за „Магбет” еден од многуте примери”, вели Димоски.

Во однос на мерките и препораките кои би се донеле во иднина за посета на тетарите, Димоски вели се она што луѓето може да се договорат се може да се направи. Јас мислам решението до кое ќе се дојде ќе биде најразумно и најполезно за сите, а тоа дали само вакцинирани ќе може да
одат во театар, да работат во театар не сум сигурен колку е исправна рамка за пандемијата конкретно. Иако како човек сакам да верувам во масовна имунизација и дека таа ќе се случи за брзо време и дека ќе можеме да се вратиме назад во сето она што го нарекуваме свет пред
корона иако тој во голема мера и не постои и нема да може да постои онаков каков што го знаеме, вели Димоски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background