(Видео) „Јавна соба“ е слика на конзервативноста во општеството: Психологот Зорица Николова за сексуалното насилство – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(Видео) „Јавна соба“ е слика на конзервативноста во општеството: Психологот Зорица Николова за сексуалното насилство

Сексуалното вознемирување постои деценици наназад. Има конвенции што го гарантираат правото на човекот за заштита од ваков вид дискриминација и злосторство. Тука не станува збор само за мажи или жени, туку воопшто за сите човечки единки – објасни психологот, Зорица Николова во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77. според неа, сексуалното насилство зема замав во денешно време и треба да се преземе нешто. Треба да се зголеми свеста кај целосното население, а со тоа и емпатијата.

„Статистиката на Министерството за внатрешни работи не ги опфаќа сите форми на насилство. Оттаму каскаат веќе со точната статистика во врска со видовите насилства. Статистиката на невладиниот сектор е поразлична од онаа на МВР бидејќи луѓето не секогаш пријавуваат, имаме себеобвинување, сведоци сме на мал милион разговори каде се гледа дека секој еден човек во неговиот живот ќе биде подложен на ваков тип насилство“, изјави Николова.

Според неа, случајот со групата „јавна соба“ ја отсликува конзервативноста на општеството кое треба да се зборува погласно за правото на личен избор.

„Како една индивидуа ќе одлучи да се облече или изрази е лично право и слобода. Тоа е загарантирано со Декларацијата на основни човекови права. Ние живееме во едно општество каде менталитетот е дека секогаш поважно е што направил другиот. Да бевме во Скандинавија дури и гола да претрчам, никој нема да ме погледне“, додаде психологот.

Таа го прокоментира и случајот од соседна Србија, каде неколку актерки објавија дека сексуално биле злоупотребени од професорот Ника Алексиќ.

„За едуцирање на едно дете независно од областа, потребно е да се разговара во емпатична средина со поддршка и отворена комуникација. Треба да се применат сите педагошки техники за да може детето да се чувствува добро, да сака да е тука. Поставувањето дисциплина е можно во една средина каде детето ќе го учиме на критички пристап, ќе му кажеме што е добро, а што не“, заклучи Николова.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background