Викендов доброволно чистење на патот кон Попова Шапка

 

Во рамки на активностите на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, в недела, 9 јули, ќе се одржи доброволна еколошка активност за чистење на некои точки по должината на патот кон Попова Шапка.

Од Иницијативата велат дека со акцијата сакаат да се подигне свеста дека луѓето се тие што треба да се грижат за животната средина и местата што ги посетуваме за пикник. Поаѓањето е во 10 часот, од жичницата на Тетово со организиран превоз.

Првата станица ќе биде кај месноста позната под името Промките каде ќе се чисти средината. Втората станица ќе биде кај Сидол Камен каде, а потоа ќе има прес-конференција за медиумите. Потоа ќе се продолжи пешки до становите на Шипковица. Во 15 часот е предвидено пристигнување во Попова Шапка.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Тигар и коза се дружат во паркот Сафари во Русија

Една коза и еден тигар живеат заедно во паркот Сафари на рускиот Далечен Исток иако ...

Почина првиот легален советски милионер

Во 1987 година претприемачот формира кооперација, а веќе по две години објави дека станал првиот ...

Close