Виктор Мизо-Од Омикрон или кој и да било друг сој, ќе зависи економскиот развој идната година(видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Виктор Мизо-Од Омикрон или кој и да било друг сој, ќе зависи економскиот развој идната година(видео)

Идната година според тоа што ги гледам последните проекции и од нашите институции, но и меѓународните финансиски институции е некаде растот од околу четири проценти.Мислам дека многу од тоа ќе зависи од два фактори, изјави Виктор Мизо, првиот човек на Костал Македонија, во гостувањето на Стадион на Канал 77

 

„Прво, што и до каде ќе се случува со здравствената криза, на кој начин Омикрон или некој друг иден сој во првите два квартали идната година ќе влијае кон европската економија, бидејќи сепак ние зависиме најмногу од нивната побарувачка, но истовремено и од подобрувањето на глобалните синџири на добавување. Ќе има подобрување и раст идната година, но треба сите заедно активно да работиме, да успееме дури и повеќе од тоа, бидејќи ако гледаме некои земји во регионот, не треба Србија да ни биде репер за се. Сепак  Србија лани се справи подобро со кризата од голем број други земји на Балканот, а оваа година планираат раст дури околу 7%, така да ако сме биле заедно, во иста држава, да се надоврзам на почетокот на дискусијава, зошто да не можеме да постигнеме сличен успех како соседите.Така да се надевам дека идната година ќе биде многу подобра, поуспешна и попросперитетна година од оваа, изјави Мизо.

На прашањето што бара странска инвестиција како Косал Македонија во Стопанската комора, дали така полесно ги остваруваат интересите и нели има компанијата директна комуникација со Владата и со другите институции, Мизо изјави дека имаат директна комуникација со Владата но и во рамките на советот на странски инвеститори кој е дел од стопанската комора креирале асоцијација на странски производствени компании со технолошко напредно производство.

„Тука влегуваат сите оние гринфилд и браунфилд инвестиции кои се дојдени во Македонија од 2007 година до денес, значи зборувам и за триесетина компании со над 30000 вработени и сите оние наши барања, тоа не се само барања на странските компании, тоа барања за подобрување на бизнис климата и условите за работа, без разлика дали тоа значи хармонизација и усогласување на тарифните стапки, дали тоа значи на кој начин регионално ќе се распределува државната помош, ќе има можност за тренинг и обука на вработени, усогласување на сметководствените стандарди во државава со глобалните сметководствени стандарди, бидејќи некои компании мора паралелно,да водат двојно сметководство или пак она што значи дефинирање на оправдан инвестициски трошок за сите даватели на државна помош на исти начин тоа да го третираат, па што значи подобрување на законот за работни односи, вработување на странци, дозволи за работа, сите овие активности кои се во интерес на сите компании во државата, не само на компаниите со странски капитал, ние преку овие асоцијации и совети кои ги имаме во комората, сме во директна квартална комуникација со Владата и на тој начин бараме да се подобрат условите соодветно,“ рече Мизо.

 

Целиот разговор проследете го во видеото


Во етер
Наслов
Изведувач

Background