Владата вработува посебни советници

Владата објави оглас за вработување на 13 посебни советници за различни позиции. Генералниот секретаријат на Владата, огласот го објавува за пополнување на посебни рабатни места во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и за координација со економските ресори, Кабинетот на генералниот секретар на Владата и Кабинетите на министрите без ресор, заради извршување на работни задачи на посебни советници, на определено време, до истекот на мандатот на функционерите во чиј кабинет се вработуваат. Нето-платата за овие посебни советници е 36. 873 денари – пренесува агенцијата Макфакс.

Во огласот се бара посебен советник за анализа и следење на деловното окружување во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, потоа посебен советник за правни прашања во Кабинетотна генералниот секретар на Владата,  посебен советник за следење на странските инвестиции во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции.

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close