Владата го решава статусот на стечајците

Околу 400.000 евра месечно ќе бидат издвоени од државниот Буџет за исплата на обештетувањата за стечајните работници од Република Македонија, ова денеска го најавија министерката за труд и социајална политика Мила Царовска и советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на средбата со стечајците во Куманово.

Изготвени се и нацрт – планови за решавање на статусот на оваа категорија граѓани, но, се јавува мал проблем со оние кои откако останале технолошки вишок работеле во приватни компании. Царовска истакна дека претходно била остварена средба на која биле разгледани детално барањата на стечајците.

-Треба да утврдиме колкав период од стажот поминат кај приватни ќе биде вклучен во овој закон или не, многу убава дискусија имавме денеска поразговаравме за сите опции тие имаат широки барања, некои по 7-8 години кои работеле во приванти компании, но заедно со министерот за финансии ќе седнеме, ќе направиме проценки и ќе ја информираме Владата и ќе донесеме конечен став – вели Царовска.

Бранимир Јовановиќ изјави дека пари за оваа намена се предвидени веќе со ребалансот и ќе започне исплатата веќе до крајот на оваа година.

-Нашите проценки се, во тие пресметки што ги правевме, дека станува збор за околу 3.000 лица и тие би ја зимале помошта што и сега им се исплаќа на лицата што изнесува околу 7.600 денари нето, за што се потребни околу

23 милиони денари месечно, значи тоа се околу 400.000 евра месечно, така да тие средства веќе ги планираме за Буџетот за оваа година – вели Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии.

Додади коментар

Би те интересирало и

Заев: 35.000 работници ќе летуваат на сметка на државата

Работниците со ниски плати да летуваат на сметка на државата во некои од нашите туристички ...

Заев и Царовска во посета на текстилни фабрики во Штип

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ...

Close