Власи: Косово ќе беше дел од Србија, ако не му беше укината автономијата

Косовскиот адвокат и поранешен комунистички функционер Азем Власи оцени дека Косово денес ќе беше дел од Србија, доколку поранешниот српски претседател Слободан Милишевиќ не и ја укинеше автономијата на тогашната покраина.

Власи за весникот „Ало“ изјави дека Милошевиќ „газел по Југославија“, водел неразумна политика и со својата ароганција кон Косово и Албанците предизвикал хаос.

– Поради Милошевиќ и неговата политика бегаа од Југославија, тој ја погази автономијата на Косово и Албанците повеќе ништо не сакаа, нагласи Власи.

– Да не го направеше тоа можеби Косово и денес ќе беше во Србија и немаше да дојде до војна. Знаете, да зборувам искрено, ние Албанците некогаш не и припаѓавме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), секогаш сме били со сила туркани во неа, заклучи Власи.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Хан: ЕУ мора да работи на нов пристап кон Турција

Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов ...

Дачиќ денеска ќе ги каже причините за повлекувањето на српските дипломати од Македонија

Персоналот на амбасадата вчера беше повикан на консултации во Белград. РТС денеска ја потврди информацијата ...

Close