ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да се бира со двотретинско мнозинство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара две измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство. Тоа беше побарано на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која меѓу другото на дневен ред е и разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Како што посочи пратеникот Илија Димовски, новиот јавен обвинител треба да биде избран по предлог на опозицијата. Како што рече Димовски, ова било и ветување кое го дал СДСМ во изборната кампања.

Втората измена којашто ја бараат од ВМРО-ДПМЕ е тој да се бира со двотретинско мнозинство што, како што рекоа, би дало гаранција дека еден јавен обвинител ќе го надрасне мандатот на секоја влада. Таквиот начин на бирање ќе го стави обвинителот над политиката и ќе се смени досегашната пракса со секоја нова влада да се менува и јавниот обвинител.

Собранието го одби предлогот за имени по брза постапка. Димовски најави дека предлогот ќе го поднесат и по редовна постапка.

Преземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Стојановски четврти во второто олимписко финале

Македонскиот пливач, Андреј Стојановски го прoдолжува својот успешен настап на Олимписките игри за глуви што ...

Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово

Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на ...

Close