ВМРО-ДПМНЕ предлага патоказ за излез од сегашната политичка криза (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави патоказ со цел, како што рече Антонио Милошоски, член на партискиот Извршен комитет, да се извлечат поуки и да се понуди решение за излез од сегашната политичка криза, но и од можни идни политички кризи,  водејќи се од принципот за единствена Република Македонија.

Предлагаат создавање натпартиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, посочи Милошоски, беа странски агенди или претставници, и единствено од легитимно избрани претставници на македонските граѓани.

„Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои што се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на принципот за  добрососедски односи. Заеднички да отфрлиме планови и платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски- државни интереси. Или со други зборови заеднички да создаваме планови и платформи и агенди кои што се во интерес на уставното уредување на Република Македонија и стратешките интереси на државата. Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот Рамковен договор, кој е целосно вграден во Уставот на Република Македонија и нашето уредување“, рече Милошовски.

За посочените принципи за изнаоѓање одржливи решенија на тековната политичка криза и на можни идни, слични случувања и нивно навремено превенирање и одбегнување, како што укажа Милошоски, неопходно е најпрво транспарентно сите релевантни политички чинители да постигнат договор неколку прашања и тези.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага политичките чинители да постигнат договор и дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди  за државата“, наведе Милошоски.

„Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување ? Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел на македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници“, додаде Милошоски.

Тој потенцираше дека според патоказот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде неопходен договор и за прашањето дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close