Во Гевгелија ќе има референдум „за“ или „против“ рудници за злато

Гевгеличани на референдум ќе се изјаснат дали сакаат да се отворат рудници во нивната општина. За 40 дена локалната самоуправа треба да распише референдум на којшто граѓаните ќе се изјаснат за или против отворање на два рудника за експлоатација на минерални суровини. Доцна синоќа оваа одлука ја донесе општинскиот совет, врз основа на иницијативата поднесена од здружението „Спас за Гевгелија”.

Во Гевгелија се издадени концесии за две македонски фирми, за детални геолошки истаржувања за металични минерални суровини. Тие се сопственост на канадска компанија која на две локации во близина на Конско веќе врши детални геолошки истражувања за ископување на злато преку постапка наречена лужење.

Иницијативата на здружението „Спас за Гевгелија“ во неколку наврати реагираше против изградба на рудници за злато. Советот на општина Гевгелија, пак, оцени дека на планината Кожуф нема никакви услови за експлоатација на злато, без разлика на резултатите од истражувањето, бидејќи областа важи за еко-регион во кој се произведува здрава храна, а наскоро токму во тој регион треба да се гради и капиталниот проект „Конска брана“.

Поради ова, Советот донесе одлука по пат на референдум граѓаните на општина Гевгелија да го кажат последниот збор.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close