Во Италија запленета албанска марихуана вредна 35 милиони евра

Фото: Архива

Италијанските полиција разбила албанско-италијанска нарко група, која се занимавала со шверц на дрога, главно марихуана по потекло од Албанија. Агенцијата МИА, пренесува дека во акцијата за разбивање на групата се запленети 3,5 тони марихуана, чија вредност на пазарот достигнува околу 35 милиони евра.

Во акцијата се уапсени 14 лица, кои „оперирале“ на подрачјето на Бриндзи, каде дрогата ја носеле од Албанија.

Групата била следена подолг период, а во акцијата се запленети и оружје, муниција, како и два пловни објекта со кои била транспортирана дрогата.

Во друга акција, италијанската полиција кај плажата Порто Реканати запленила уште 700 килограми марихуана, прошверцувани од Албанија.

Дрогата, која била спакувана во 28 пакети, била откриена при рутинска контрола на моторен чамец забележан во водите крај брегот.

Албанската полиција, пак, во акција во селото Дом кај градот Пук, запленила 170 килограм марихуана и 37 клограми ТНТ експлозив.

Запленетата дрога и експлозив биле откриени во куќа на четворица браќа, која служела како магацин, бидејќи тие повеќе не живееле во селото.

Додади коментар

Би те интересирало и

Улилишта во Тексас ќе казнуваат со прачка!

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка ...

Разбиена мрежа на трговија со луѓе во 22 европски земји

Најмалку 107 лица се уапсени поради трговија со луѓе и илегална миграција, а идентификувани се ...

Close