Во пожар изгореа две ковачници во Берово

Голема матерјална штета предизвика пожарот во Берово кој вчера попладне целосно изгоре две стари работилници- ковачници  и зафати уште два објекти за домување. Пожарот  во ТППЕ Берово е пријавен во 16 часот, а целосно бил изгаснат во 19 часот.

„Ние реагиравме со три противпожарни возила и седум пожарникари, а масовно во гаснењето се вклучија и граѓаните. Причинета е голема материјална штета, но за среќа немаме жртви и повредени, а причините допонително ќе ги утврдува истрагата. Објектите беа стари, во нив имаше многу лесно запаллив материјал, но успеавме да ги спасиме соседните куќи и не дозволивме да се прошири пожарот“, истакна командирот на ТППЕ, Димитар Букушовски.

Увидот на надлежните за утврдување на причините за пожарот е во тек и тој треба да ги утврди причината за пожарот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Во пожар изгоре напуштена куќа во Желино

  Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа ...

Close