Во Штип утре ќе се уништува авионската бомба

Припадници на АРМ и на Дирекцијата за заштита и спасување утре од 10 до 12 часот во близина на фабриката Ван Хол во Индустриската зона во Штип ќе ја уништат авионската бомба која е пронајдена при градежни работи од страна на багерист.

Во соопштението на подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување-Штип се вели дека во периодот од 10 до 12 часот населението кое живее и работи на тој простор да ги напуштат објектите поради нивна безбедност.

Надлежните од Генерал штабот на АРМ информираат дека уништувањето на авионската бомба ќе биде на лице место, а ќе се реализира од страна на нивниот стручен тим. Оттаму информираат дека претходно се направени подготовки за да се уништи бомбата стара над седум децении. Новинарските екипи ќе бидат на растојание од два километри поради нивна безбедност. Одлуката за овој проектил да се уништи на лице место ја донеса заеднички АРМ и Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи по ризично е да се крева во воздух и да се транспортира.

Заради безбедност на населението информирани се Општина Штип, Клиничка болница-Штип, Итната Медицинска помош, Противпожарната едница, жителите на околните населби и вработените во индустриските објекти кои се во непосредна близина. Проектилот е долг околу еден метар, во него има 70 килограми експлозиви, инаку разурнувачката моќ е еден, а ударната моќ е три километри.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close