Во јуни во Ирак загинаа 415 цивили

Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак објави извештај во кој се наведува дека во конфликти и терористички напади во земјата во јуни загинале најмалку 415 луѓе, а повредени се 300 цивили.

Во извештајот се вели дека најголемиот број на цивили се убиени во Мосул, во кој во судирите и терористичките напади во јуни загинаа 289, а беа повредени 93 цивили.

На второ место е градот Салахадин, каде што во јуни загинаа 32, а повредени се 88 цивили.

Ирак е во длабока политичка и безбедносна криза речиси две децении, а особено се влоши во текот на летото во 2014 година, кога терористите на Исламската држава го зазедоа вториот по големина град во земјата Мосул и го прогласија т.н. калифат на ИСИС. Обединетите ирачки сили повеќе од половина година водат борба за ослободување на Мосул и тврдат дека се блиску до победа.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Почна акцијата за чистење на сириско-либанската граница од екстремисти

Сириската војска и либански Хезболах поведоа офанзива со цел исфрлање стотина екстремистички борци од пограничното ...

Во Хамбург запленети речиси четири тони кокаин

Германската полиција од почетокот на годинава запленила речиси четири тони кокаин во три операции во ...

Close