Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е со седиште во Штип на адреса: 5-та Партиска конференција бб, во сопствен објект Мултимедијален центар Канал 77 и студио лоцирано во Скопје на адреса: Франклин Рузвелт бр.4 локал 6.
Радио Канал 77 е ќерка фирма на ГБЦ Комуникации како и веб порталот Македонски Медиа Сервис www.mms.mk
Радио Канал 77 распишува оглас за вработуање на едно лице за следната работна позиција:
Новинар со работно искуство за работа во Штип или Скопје
• Кандидатот треба да има работно искуство во продукција на вести, познавање на медиуми, пишување на новинарски стории и истражувачко новинарство;
• Предност имаат лица со претходно работно искуство во медиуми и лица со возачка Б категорија;
Огласот е отворен до 20.12.2020. Доколку сте заинтересирани, Ве замолуваме Вашите податоци и CV да ги испратитена следниов мејл vrabotuvanje@kanal77.mk