Времето денеска сончево и топло, разладување дури во четврток

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 19 до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Деенска попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-от степен.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Уништен единствениот парк во Тетово – Општината не реагира

Единствениот парк во Тетово наспроти спортскиот цетнар е целосно запуштен од градските власти. Реквизитите на ...

СДСМ обвинува дека Коневски профитира од наводни бесплатни реклами, Општината негира

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски профитира од наводните бесплатни рекламни кампањи за општината – обвини ...

Close