Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 24 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 22 степена.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close