Времето стои за Клаудија Шифер

Во екот на нејзината популарност во текот на девдесеттите години, Шифер ја споредуваа со легендарната Брижит Бардо. Благодарение на нејзината убавина. А печатот на посебно убава го задржала до денес. Славната германска манекенка Клаудија Шифер во последно време ретко се појавува во јавноста, но кога тоа ќе го стори, редовно остава посебен впечаток со својот изглед.

46 годишната Клаудија привлекла посебно внимание со појавувањето на забавата на модната куќа „Serpentine“. За да се појави пред медиумите по подолго време, Шифер избрала плисирана варијанта на фустан во боја за која модната критика вели дека совршено одговара на нејзиниот убав, аристократски тен.

Инаку станува збор за модно парче потпишано од „Chanel“, кое убавата Шифер го комбинирала со чанта во впечатлива тиркизна боја и децентен накит. Кога станува збор за шминката се одлучила за истакнување на природната убавина и за брановидна фризура. Изгледа дека времето како да застанало за Клаудија Шифер!

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Траги од стрии трансформирани во неверојатни уметнички дела со бои на виножито

Девојка со одлична идеја ги бои трагите од стрии на женското тело во бои на ...

ВИДЕО: Летна разбушавена плетенка – како да ја направете

Разбушавениот спој на две плетенки е идеален избор за вечерното излегување, но и за летните ...

Close