Втора вечер од 15. издание на „Пивофест“


Втората вечер од петнаесеттото издание на Пиво Фест во Прилеп го живее вториот фестивалски ден. Според организаторите на Фестивалот – прилепската локална самоуправа и невладината организација Центар за граѓанска иницијатива, првата вечер поминала во добро расположение со многу гости и без никаков инцидент.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кој синоќа го прогласи за отворен Фестивалот и им посака добро расположение и убава забава на сите гости нагласи дека весело и посетено поминала првата фестивалска вечер.

„Синоќа имаше убава атмосфера, сите верувам уживаа во настапите на музичките гости кои направија одлична атмосфера. Очекуваме вечер, односно овие три фестивалски дена уште поголем број гости од цела Македонија и од регионот“, рече Ристески.

Втората фестивалска вечер денеска почнува со настапот групата Don Minott&Conguering lion. Веднаш потоа следуваат Нокаут, а крајот на вечерта ќе го заокружи Ален Исламовиќ. Синоќа на оваа манифестација настапија македонската група „Eye Que“, групата „Психомодо Поп“, а вечерта ја затвори „Амадеус бенд“. вечер на програмата се настапите на „Don Minott& Conquering Lion“,„Нокаут“ и на Ален Исламовиќ.

Додади коментар

Би те интересирало и

Шпанија воведува посторги закони за коридата

Властите на шпанските Балеарски Острови, усвоија закон со кој при борбите со бикови во популарните ...

Сашо Тасевски, нов директор на Драмски театар

Сашо Тасевски станува нов директор на Драмски театар, откако денеска беше разрешен Роберт Вељановски, дознава ...

Close