Генерациски микс во „Дотерај го Скопје“

Сè поголем број граѓани од различни генерации и профили се вклучуваат во проектот „Дотерај го Скопје”. Проектот веќе 30 дена се спроведува во сите скопски општини и е одлично прифатен од жителите.

Хит на неделата е, секако, Сузана Зафирoва, 64-годишна пензионирана професорка и ликовен уметник, која со својата енергија, здраво размислување и активизам им пркоси на очекувањата за својата возраст. Изминатиов викенд и таа се приклучи кон кампањата и стана урбан херој на Скопје.

Марија Џиџева е филмска режисерка и лице со високо ниво на свест за животна средина. Изминатиот викенд им даде пример за своите соседи во општина Карпош за тоа како се чисти од ѓубре јавниот простор и колку е лесно еден запуштен простор да се зазелени.

Бојан Трајков, студент на Економски факултет во Скопје, е вклучен во активностите на „Дотерај го Скопје“ од самиот почеток. Тој е свесен дека со малку труд, сите можат да имаат поубави и позелени јавни простори во градот.

Полека но сигурно „Дотерај го Скопје“ се наметнува како заедничкиот именител за сите генерации и профили на граѓани кои сакаат да го разубават градот во кој живеат и работат. Активностите на „Дотерај го Скопје“ ќе продолжат и во месеците јули и август, а ќе бидат заокружени со фестивалот „Дотерај го Скопје“, кој ќе се одржи во „Јавна соба“ во период од 1 до 3 септември, 2017.

„Дотерај го Скопје“ се спроведува од страна на „Јавна соба“, во рамки на камањата „Мрдни со прст”.

Извор: Макфакс
Додади коментар

Би те интересирало и

На 29-ти јули по трети пат ќе се одржи Растојчко културно лето

На 29 јули со почеток во 10 часот во училишниот двор на с. Растојца, демирхисарско, ...

Отворен ден во Скопје Лаб, Центарот за иновации на Град Скопје

Денеска, 24 јули, во периодот од 11 до 13 часот Центарот за иновации на Град ...

Close