Германија почнува со тестирање на софтвер за препознавање на говорот на мигрантите

Германските власти почнуваат со тестирање на нов софтвер за препознавање на говор, со кој може да се одреди од која земја доаѓаат мигрантите кои немаат документи, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на властите во Берлин.

Од заводот за бегалци и мигранти на Германија соопштиле дека новиот автоматизиран систем треба да почне да работи во рок од две недели, но, дека нема да подготвен за официјална употреба уште најмалку една година.

Целта на софтверот е да ги открие мигрантите кои зборуваат на арапски јазик и доаѓаат од Сирија, а немаат документи тоа да го докажат и на тој начин да ги зголеми нивните шанси за добивање на азил во Германија.

Лингвистите, како што пренесуваат агенциите, се скептични околу ефикасноста на новиот систем и наведуваат дека е невозможно софтверот да биде целосно прецизен, бидејќи јазикот и говорот постојано се менуваат.

Новиот софтвер треба да се користи во рамките на технологијата за утврдување на индентитет, кој е веќе во употреба, соопштиле германските власти.

Извор: Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close