Гошев: Кривична одговорност за главните актери за стечајот на Еуростандард банка (ВИДЕО) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Гошев: Кривична одговорност за главните актери за стечајот на Еуростандард банка (ВИДЕО)

Поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев  во целост ја подржува одлуката на Народната банка за одземање на лиценцата на Еуростандард Банка. Според него регулаторот бил и премногу трпелив давајќи им многу шанси и надеж на сопствениците и на менаџерите во Еуростандард банка, но очиглено тие не си ги исполниле обврските, и ако не ја зтавореле банката и не постапеле како што налага законот тогаш тие ќе се соочеле со кривична одговорност.

– Станува збор за банкарски ентитет чија што адекватност на капиталот паднала под 2 отсто. законскиот миниуму е 8 проценти, а најголем дел од банките имаат во просек по 16 проценти. Со новите законски решенија по автоматизам Народната банка мора да поднесе кривични пријави, за сите актери кои придонеле за стечајот на банката – вели Гошев во емисијата Стадион на Радио Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background