Граѓананското општество ретко учествува во донесување на одлуки во рамки на локална самоуправа

Граѓанското општество и другите локални чинители не се вклучени во донесувањето на важните одлуки во локалната самоуправа, покажа проектот локални партнерства за социјална инклузија, за кој денеска во Тетово се одржа завршна конференција.

За да се подобри ваквата состојба, во рамки на проектот изработен е акциски план, преку кој локалните власти, граѓанското општество и приватниот сектор заеднички ќе донесуваат одлуки. Акцискиот план го потпишаа општините Гостивар, Врапчиште, Брвеница и Кичево, рече Нино Сотироски од невладината организација Ади која го спроведуваше проектот.

Проектот локални партнерства за социјална инклузија, траеше 20 месеци и истиот придонесе да се зголеми соработката меѓу локалните власти, граѓанското општество и приватнито сектор.
Исто така според Невладината организација Ади, свеста кај локалните чинители за донесување на одлуки на општинско ниво се зголемила, благодарение на проектот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат повторно да отвори истрага за овој случај

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат македонскиот правосуден систем повторно да отвори истрага ...

Мерките за реформи во правосудството најбројни во Планот 3-6-9

  Министерството за правда веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството. Истовремено, ...

Close